Активностите покрај во градот ќе се одвиваат и на плажите од Охрид до Градиште и еден ден во Струга.
Денови на рециклирање свечено ќе бидат отворени на градскиот плоштад на 25 јли во 21ч. Следниот ден предвидена е акција на чистење во населбата Далјан во Охрид и во Струга. На 27 јули на плажата Цуба Либре ќе има журка со Даѕ Офф, а ден подоцна во Лиљуид настапува ДЈ Поњер. На 31 јули деца ќе го демонстрираат концептот на повторна употреба на материјалите што се рециклираат.
Во текот на целата недела ќе се делат едукативни брошури на штандовите лоцирани на две локации на плоштадот во Охрид и кај Чинарот.Проектот на УСАИД за рециклирање на пластика се организра во партенрство со Општина Охрид, Охридски Комуналец , Општина Струга и Мнистерството за животна средина и просторно планирање како и поголем број подрджувачи.