Девет компании од ИТ секторот, со понуда од преку 50 работни и практикантски позиции ќе се претстават на Деновите на кариера, што денеска и утре ќе се одржат во Касарна Хаб во Охрид.

Во рамките на настанот, денеска ќе се одржат работилница насловена „Дали сум привлечен за работодавачите“ и панел дискусија на тема „Јаз меѓу пазарот на труд и образованието“.

За утре е предвидена презентација на тема „Какви работни позиции постојат во ИТ компаниите и кои вештини се бараат“ и споделување на искуства од вработени во ИТ секторот на тема „Се што сакате да знаете за ИТ секторот, а сте немале кого да прашате“.

Во Охрид моментално има 9.000 млади лица од 15 до 29 години, кои се потенцијални кандидати за вработување.

OhridNews