Факултетот за туризам и угостителство – Охрид на 28 и 29 Април од 10-14 часот, организира Денови на кариера и промоција.

 

Во холот на факултетот ќе се презентираат студиските програми и можностите за студирање. Свои штандови ќе имаат повеќе компании од областа на туризмот, агенциското работење, услужните дејности и шпедицијата. Тие ќе ги презентираат можностите за сезонско и трајно ангажирање на дипломирани и активни студенти.

Покрај компаниите кои ќе бидат застапени со штандови, на овој настан се поканети дипломирани и тековни студенти кои бараат работен ангажман, матуранти од средните училишта од Охрид и околината, институции кои работат во областа на туризмот, осигурувањето, шпедицијата и услужните дејности, медиуми, претставници од Локалната самоуправа, од Министерството за образование и наука, од Министерството за економија, од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, как о и претставници од Агенцијата за поддршка на претприемништвото и ХОТАМ.

OhridNews