Sky Corner

Од 07.02.2020 - 21:30 до 08.02.2020 - 23:59

На 7 и 8 февруари, сладокусците во Охрид ќе имаат извонредна можност да уживаат во врвно подготвени специјалитети на Италијанската кујна. Тие ќе можат да вкусат храна подготвена според оригинални рецепти на една од најпознатите и најомилени кујни во светот, која ќе биде послужена на италијански начин.

Настанот ќе се одржи во ресторанот „Скај Корнер“ со почеток во 21.30.

За атмосферата ќе се погрижи музичкиот уметник Горан Папаз со поддршка на диџеј.

OhridNews