Здружение на граѓани „Младите Можат“, на 11ти и 12ти септември во Охрид го организира настанот „Денови на финансиска независност“. Настанот е бесплатен и е отворен за сите млади, средношколци и студенти, и оние коишто се чувствуваат младо и сакаат да дознаат нешто ново и корисно, велат организаторите.

За време на настанот ќе бидат опфатени најразлични теми од областа на финансиите, кои сметаме дека се корисни за младите. Лични финансии, отворени инвестициски фондови, берза, крипто… се само дел од темите за кои ќе зборуваме на Денови на финансиска независност, информираат организаторите.

Настанот ќе трае два дена со почеток од 17 часот во просториите на Venus Lounge Bar во Охрид.

За време на првиот ден учесниците ќе дознаат кој е најсигурниот „сеф“ за нивните пари, како да бидете богати пензионери и дали криптото се парите на иднината. Вториот ден во агендата е предвидено да се опфатат можностите за инвестирање. За 11ти септември го најавуваме и Дејан Џолев- основач и CEO на Скала – Школа за дизајн и технологија, кој ќе ја сподели својата приказна за успешно раководење на бизнис, посочуваат.

Сите заинтересирани лица можат да се пријават на линкот.

OhridNews