Денеска и утре со почеток во 19 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе бидат прикажани детските филмови „Детето Фантом“ и „Пим и Пом – Големата авантура“ синхронизирани на Македонски јазик.
-Во филмот „Детето фантом“ кој ќе биде прикажан вечерва се раскажува за Лео, 11-годишно момче од Њујорк, кое е суперхерој. Лео е во болница и страда од сериозна болест, но дознава дека може да го напушта телото и да лета низ градот, да поминува низ ѕидови како фантом. Се спријателува со Алекс, полицаец, кој привремено е во инвалидска количка. Принудени се да внимаваат на Мари, своеглава новинарка, која тргнува во потрага по злосторникот, а во која Алекс е тајно вљубен. Тие тројца треба да го спасат градот од лошиот и криминален шеф. Станува збор за продукција од 2015 година во режија на Жан-Луп Фелисиоли и Алан Гањол, пишува во најавата за филмот.
Филмот „Пим и Пом – Големата авантура“ ќе биде прикажан во среда и во него се раскажува за пријателството меѓу импулсивните и авантуристички Пим и Пом кое ќе биде ставено на тест, кога тие се соочуваат со обидуваат да го најдат патот до дома.
-Пим и Пом се најдобри пријатели кои живеат заедно со „Дамата“. Но, кога нејзините внуки доаѓаат на посета сакаат да ги киднапираат Пим и Пом за да ги имаат само за себе. Откако успеваат да се спасат од девојчињата, мачките мора да научат да живеат на улица. Дали Пим и Пом ќе успеат да го најдат патот до дома? Овој музички, мирен, со доза акција има стилизиран изглед што потсетува на 1960-те и сигурно ќе измами насмевки и кај мајките и татковците. Освен номинации на филмските фестивали холандскиот „Синекид“ и „Црни ноќи“ во Талин, ја доби и наградата на Детското жири на Чикаго интернационалниот детски филмски фестивал, пишува во најавата од Центарот за култура.
Влезниците за овие филмски проекции чинат 100 денари.
OhridNews