Синоќа на летната сцена “Долни Сарај” во Охрид, се одржа седмото по ред издание на фолклорниот фестивал “Денови на Балканската култура”.
На сцената се претставија повеќе културно-уметнички друштва од регионот, КУД “Илинден”- Битола, КУД „Гердан од бисери“ – Охрид, КУД „Пирамида“ – Охрид i КУД „Рацин“ – Кичево од Македонија, КУД „Денс плус“ – Елбасан и КУД „Валет е лиќент“ – Корча, Албанија, како и Северњашки ансамбл „Иван Валев“ – Плевен и КУД „Нова генерација“ – Ќустендил, Бугарија.
Овој фестивал се одржа во рамки на проектот „Препознавање на заедничките особини на нематеријалното културно наследство на Балканот“, чија цел е низ повеќе работилници, концертни изведби, симпозиуми и фестивали да прикаже различни сегменти од нематеријалното културно наследство на Балканот, нивните сличности и различности за сите заинтересирани. Истиот е поддржан од амбасадата на Република Бугарија во Македонија, а го организира здружението “Арт Вивенди” од Охрид.
Учесниците ги поздрави Амбасадорот на Република Бугарија во земјаваАнгел Ангелов, а од името на Општина Охрид се обрати Ана Крстеска, заменик градоначалник на Општина Охрид.
OhridNews