Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно  Законот за празници, 23.5.2009 година (сабота), Националниот ден на Власите, е неработен ден за припадниците на влашката заедница.

Воедно Министерството за труд и социјална политика соопштува дека  24 Мај  (недела), „Св. Кирил и Методиј“ Денот на сесловенските просветители, односно 25 Мај (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните на Република Македонија им ги честита претстојните празници.

Ohridnews