На плоштадот „Мелбурн“ во Мелбурн, Македонската заедница свечено и достојно ја прослави независнота на Македонија.

Неколку илјади македонци од сите делови на Мелбурн уште во раните утрински часови се упатија во центарот на градот. Во 8.30 часот свечено беа подигнати осумте државни знамиња на јарболите. Кревањето на знамињата беше проследено со химните на Македонија и Австралија.


Вториот дел од прославата започна во 18.30 часот каде што се собраа неколку илјади македонци. На големиот екран цел ден се прикажуваше „Дваесет години независна Македонија“, а потоа и убавините на татковината. Во рамки на прославата настапија групата „Кисми“, ДЏ Горан Мангалот и МКУД „Јане Сандански“.


Атмосферата на плоштадот во Мелбурн наликуваше на атмосферата од скопскиот плоштад- исполнет со македонци, дел од нив облечени во народна носија, а знамињата со сонцето го поцрвенија плоштадот. Прославата траеше до 22.30 вечерта, но дружењето продолжи и потоа до доцните вечерни часови.

Ицо Најдовски Перин- Мелбурн