Денес со почеток во 11 часот во с. Велестово ќе се организира настан по повод одбележување на Денот на Натура 2000 и Денот на биолошката разновидност.
Главната цел на настанот е да се подигне свеста за Натура 2000 мрежата, видовите и живеалиштата кои се заштитени со Натура 2000 мрежата и создавање зелени работни места во зачувувањето на природата. Целта е одбележување преку промоција на Денот на Натура 2000 во потенцијалнo Натура 2000 подрачје, информираат од ЈУ Национален парк Галичица.
Настанот ќе го отвори Бен Нупнау, заменик-шеф на мисијата и шеф на одделот за политика и информирање при Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија; Андон Бојаџи, раководител на Секторот за заштита на природата при Националниот парк Галичица; Даниел Богнер, Тим лидер на проектот „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“ и Робертина Брајаноска, извршен директор на Македонското еколошко друштво. друштво
По обраќањата присутните меѓу кои ќе има и ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид и ООУ „Киро Глигоров“ од Скопје ќе имаат можност да набљудуваат и идентификуваат видови во ливадите и пасиштата преку работилница која ќе биде предводена од страна на едукатор од НП Галичица и неколку експерти.
Настанот е во организација на проектот финансиран од Европската Унија „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“. Корисник на проектот е Министерството за животна средина и просторно планирање, а го спроведува НИРАС со партнерите. Ко-организатор на настанот е Македонското еколошко друштво, како дел од проектот „Мрежа за искуствено учење.“
OhridNews