Со низа активности општина Охрид ќе го одбележи Денот на Европа 9 мај. Утре во општинската зграда, со почеток во 11:15 часот претседателката на градскиот Совет, Гордана Коњаноска, ќе оствари работна средба со Амбасадорот на Словенија во Република Македонија Бранко Раковец.
Точно напладне на малиот плоштад, претседателката Коњановска и амбасадорот Раковец ќе одржат поздравни говори со што официјално ќе започне културно забавната програма посветена на празникот. Во забавниот дел учество ќе земат најмладите од ЈУДГ „Јасна Ристеска“ и учениците од сите основни училишта во градов.
Меѓу другото, на плоштадот во организација на основните училишта и охридскиот Црвен Крст ќе се одржи ликовна работилница. Преку уметничкото изразување децата ќе ги презентираат културите на земјите членки на ЕУ: Словенија, Хрватска, Шпанија, Португалија, Латвија и Литванија.
OhridNews