Еко хепенингот организиран по повод „Денот на дрвото – Засади ја твојата иднина“, денеска на градскиот плоштад во Охрид предизвика голем интерес кај охриѓани. Иницијаторите и подржувачите на кампањата во паркот на кејот засадија дрвца, а на плоштадот се одржа музичка манифестација на која учество зедоа естрадните ѕвезди  Ѓоко Танески , “Силви бенд“ и други, а своја музичка точка имаа и дечиња од училиштето во Лескоец кои по повод празникот Прочка беа облечени во народни носии. Асоцијацијата на еколошки друштва од Охрид на маестро Борис Трајанов му додели признание за неговите заложби во реализација на акцијата „Ден на дрвото“. Внимание на еко хепенингот привлекоа и кандидатите за градоначалник и лути политички ривали, Александар Петрески и Кирил Трендафилов – Нанче кои ги уловивме во пријателски разговор со Борис Трајанов и пратеникот Александар Николовски.


политичките ривали….


…во пријателски разговор


признание за маестро Трајанов


голем интерес кај охриѓани


најмладите се приклучија на акцијата


основците не потсетија на традицијата за Прочка


ништо без добра музика


Ohridnews