На 21-ви мај со почеток во 11 часот во с. Велестово, Охрид, ќе се организира настан по повод прославување на Денот на Натура 2000 и Денот на биолошката разновидност.
Главната цел на настанот е да се подигне свеста за Натура 2000 мрежата, видовите и живеалиштата кои се заштитени со Натура 2000 мрежата и создавање зелени работни места во зачувувањето на природата. Целта е одбележување преку промоција на Денот на Натура 2000 во потенцијалнo Натура 2000 подрачје, со присуство на претставници на високо ниво од ЕУД и МЖСПП, Националниот парк Галичица, ПМФ – Универзитетот во Скопје, други институции, како и национални и локални медиуми, информираат од ЈУ Национален парк Галичица.
Мотото е, додаваат, набљудување и идентификација на видовите преку работилница која ќе се организира заедно со ученици од Охрид и Скопје, а истата ќе биде предводена од страна на едукатор од НП Галичица и неколку експерти.
OhridNews