Охридските сини на овој ден пред пет години во второлигашкото дерби на Атина Бојаџи со убедливи 3-0 го совладаа директниот конкурент за влез во Првата лига, Тиквеш.


„Рибарите“ пред преполниот стадион одиграа меч за паметење кој го одбележа Игор Клечкароски постигнувајќи ги трите погодоци.


Гол шоуто напаѓачот го започна во финишот од првиот дел, а со уште два погодоци во второто полувреме го нокаутираше противникот.


Два месеци подоцна охридските сини заедно со навивачите и љубителите на фудбалот го прославија влезот во елитата по пауза од 15 години.


Нажалост, авантурата во Првата лига кратко траеше за охридскиот состав, после една сезона исполнета со големи промени и проблеми клубот испадна во Втората лига.

Година дена подоцна Фудбалската федерација на Македонија ги суспендираше и ги пресели „Рибарите“ во четвртата лига за непојавувањето на два меча во низа без причина.

Ф.К. Охрид 04` гази кон првата лига

Видео : Охрид ја искористи првата “сет“ топка

Фото : Фудбалски празник на “Билјанини Извори“

Михаил Постоловски