Македонската јуниорска репрезентација на Македонија вечерва во Охрид го игра одлучувачкиот натпревар за пласман во втората фаза од СП. Противник на Македонија е репрезентацијата на Кувајт.
Само победа не носи во четвртфиналната група, а во зависност од исходот на средбата Шведска – Португалија ќе се знае дали таму ќе патуваме со два бода или без бодови.
Работите во нашата А група се искомпликуваа откако Македонија нанижа два порази во серија, со Шведска 27_30 и со Португалија 29_31. Доколку денеска (17_00 Охрид) Шведска ја совлада Португалија со три или повеќе разлика, а ние го победиме Кувајт со повеќе од два гола разлика, Македонија ќе се пласира во следната фаза во која ќе носи два бода, доколку Португалија загуби со помалку од два гола разлика, или не загуби, Македонија во тој случај ќе се пласира во четвртфиналната група како трета и без бодови со што шансите за висок пласман на СП ќе бидат многу мали.
Средбата Македонија-Кувајт започнува во 21 ч.
Г. Момироски