Само четри слободни места има за натпреварите во главната фаза. Во три од четирите групи директните пресметки ќе ги дадат патниците во главната рунда.
Група А, петто коло:
Аргентина – Австралија (15 ч.),
Словачка – Романија (17 ч.),
Франција – Унгарија (19 ч.).
Франција и Унгарија се сигурни, додека Словачка и Романија меѓусебе ќе одлучат кој ќе оди понатаму во главната фаза.
ТАБЕЛА: Франција 8 бодови, Унгарија 7, Словачка 5, Романија 4, Аргентина и Австралија без бодови.
Група Б, петто коло:
Кувајт – Куба (16,30 ч.),
Шпанија – Јужна Кореја (18,30 ч.),
Хрватска – Шведска (20,30 ч.).
Дербито на колото ќе го играат единствените непоразени екипи, додека победникот од дуелот Шпанија – Ј.Кореа оди понатаму.
ТАБЕЛА: Хрватска и Шведска по 8 бодови, Шпанија 4, Ј. Кореја 4, Куба и Кувајт без бодови.
Група Ц, петто коло:
Македонија – Русија (15,30 ч.),
Германија – Полска (17,30 ч.),
Тунис – Алжир (19,30 ч.).
Само победа ја води Македонија во главната рунда и влез меѓу најдобрите 12 на Мундијалот.
ТАБЕЛА: Германија 7 бодови, Полска 6, Русија 5, Македонија 4,Тунис 2, Алжир без бодови.
Група Д, петто коло:
Србија – Саудиска Арабија (16,15 ч.),
Египет – Бразил (18,15 ч.),
Данска – Норвешка (20,15 ч.).
Србија или Бразил е прашањето во Д групата.
ТАБЕЛА: Данска 8 бодови, Норвешка 6 , Србија 4, Бразил 4, Египет 2, Саудиска Арабија без бодови.