Актерката Дениз Ричардс, поранешна сопруга на Чарли Шин, изненадила со својот слаб изглед додека купувала велигденски намирници во Калабасас. Оваа мајка на три деца отсекогаш имала витка фигура, но на последните папарацо фотографии изгледа послабо од било кога претходно.
Американските медиуми шпекулираат дека стресниот спор со поранешниот сопруг оставил трага врз неа, бидејќи Шин веќе три месеци не и платил алиментација, а наводно побарал и Дениз и нивните три ќерки да се иселат од неговата куќа.