Актерката Дениз Ричардс неодамна била видена на плажа во Малибу, каде уживала со ќерките Сем и Лола, како и Елоиз Џони која ја посвоила во јуни. Јасно е дека серијата “Два и пол мажи“ успешно продолжила и без Чарли Шин, а истото може да се каже и за животот на неговата поранешна сопруга Дениз Ричардс.
Додека Сем и Лола се сончале на брегот, актерката се грижела за Малата Елоиз, хранејќи ја со млеко од шише. И покрај разводот, Дениз Ричардс е во многу добри односи со Чарли Шин. Неодамна открила дека секојдневно се слушаат на телефон, а се понудила дури и да ги причува неговите близнаци Макс и Боб, кои ги добил во бракот со Брук Милер.