Некогашниот НБА кошаркар Денис Родман, кој во февруари го посетил лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун, се надева дека поради тоа ќе биде номиниран за Нобелова награда за мир следната година. Кошаркарот во едно интервју зборувал за својот пат во Северна кореја и открил дека неговата мисија била да го стопи мразот помеѓу непријателските земји.
Некогашниот кошаркар на Чикаго Булс рекол дека немал поим зошто е оставено на него да ги исправува работите. Но сепак можел да каже дека доколку не се најде помеѓи првите три номинирани личности за Нобелова награда за мир следната година, тогаш нешто сериозно не би било во ред.