Поранепниот НБА кошаркар Денис Родман бил осуден на 104 часа општокорисна работа и три години условна казна затвор, поради неплаќање алиментација за своите деца. Судијата при округот Оринџ на Флорида му порачал да ги искористи своите способности и талент на поранешен врвен спортист како би им помогнал на луѓето на кои тоа им е потребно.

Денис Родман, за кој во последно многу се зборувало дека е алкохоличар и дека банкротирал, и должи повеќе од 810 илјади долари на својата трета сопруга Мишел Родман со која има две деца и од која се развел во 2004 година. Познат по своите ексцентрични испади, Родман има пет титули првак на НБА, од кои три со легендарниот тим на Чикаго Булс, во кој играл заедно со Мајкл Џордан и Скоти Пипен. Исто така е член на кошаркарската куќа на славните.