Некогаш успешниот и богат кошаркар Денис Родман денес не може да плаќа алиментација од 800 илјади долари бидејќи банкротирал. Според американските медиуми, неговата поранешна сопруга Мишел Родман, доставила на суд документи со кои тврди дека поранешниот сопруг и должи повеќе од 808 илјади долари за нивните две деца.
Адвокатот на Родман порачал дека легендарниот кошаркар не може да плаќа алиментација бидејќи банкротирал. Наводно Денис Родман бил и сериозно болен, а месечниот износ од 50 илјади долари за алиментација, не бил во склад со неговите денешни примања. На Родман сега му следи сослушување пред суд поради неплаќањето, а му се заканува и затворска казна во траење од 20 дена.