Поранешната кошаркарска ѕвезда Денис Родман, кој е соочен со критики поради низата посети на Северна Кореја, примен е на клиника за лекување алкохолизам. Родман почнал да се лекува во средата, и не се знае колку ќе остане таму, а не е објавено ни името на клиниката. Тој овој месец, по враќањето од Северна Кореја, се извинил поради изјавата дека е американец кој се наоѓа во севернокорејски затвор, велејќи дека изјавата ја дал под дејство на алкохол.

Тој за време на последната посета на таа земја со себе повел тројца поранешни НБА играчи. Во та прилика ја пеел песната „Среќен роденден“ на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун пред спортска арена полна со луѓе. Денис Родман се спријателил со младиот лидер на Северна Кореја во февруари минатата година кога за прв пат ја посетил таа земја и го прогласил за свој доживотен пријател. Ким, кој се школувал во Швајцарија, наводно е голем вљубеник во кошарката, а посебно на Чикаго Булс, со кои родман во деведесеттите години освоил три титули заедно со Мајкл Џордан.