Денис Родман должи повеќе од 200 илјади долари алиментација за своите две деца, според тврдењата на неговата поранешна сопруга Мишел Мојер. Таа му предала документи на судот во Калифорнија за да го присили поранешниот кошаркар да ја плати алиментацијата за своите две деца, синот Ди Џеј и ќерката Тринити.


Тој  на сопругата мора да и плаќа по 50 илјади долари месечно на име алиментација. Се венчале 2003 година во Калифорнија. Подоцна Родман бил уапсен за семејно насилство и бил осуден на три години условна казна. Бил и на рехабилитација за одвикнување од дрога.