Скандалозниот кошаркар Денис Родман бил обвинет дека физички ја нападнал својата поранешна сопруга Мишел Родман, поради што таа побарала забрана за приоѓање. Мишел се појавила на судот во округот Оринџ во Калифорнија, и побарала на Денис да му се забрани да и приоѓа поради физички напад кој се случил во нејзиниот дом на 28 мај.
Денис наводно тогаш упаднал во нејзината куќа во раните утрински часови и ја нападнал, а неколку часа подоцна се вратил и побарал дозвола да го поведе нивниот син на доручек. Таа изјавила дека отишла со нив, и дека со доручекот кошаркарот испил неколку алкохолни пијалоци, а потоа го вреѓал нејзиното момче. Родман тогаш добил привремена забрана за пристап, а Мишел сега се обидува да добие и трајна.