Поранешната сопруга на Чарли Шин, Денис Ричардс, одбила епизодна улога во серијата „Два и пол мажи“ иако и бил понуден хонорар од 100 илјади долари. Откако бил исфрлен од серијата, Чарли Шин се надевал дека продуцентите ќе го вратат во актерската екипа, но тоа не се случило. Сепак, тие имале во план во серијата да доведат некој друг, и тоа токму неговата поранешна сопруга.


Денис требало да се појави во првата епизода од новата сезона, и тоа како една од поранешните девојки на Чарли. И покрај примамливата понуда за хонорарот, која изнесувала 100 илјади долари за една епизода, актерката го одбила предлогот. Извор близок на Ричардс изјавил дека таа со тешко срце ја одбила улогата бидејќи во последно време нема многу ангажмани. Ја одбила бидејќи доколку прифатела, Чарли ќе полудел.