Автотот на познатата емисија „Латиница“ што се емитува на хррватската национална телевизија, Денис Латин, ќе биде прв генерален директор на новата телевизија „Ал Џезаира Балкан“, јавија медиумите од Сараево каде ќе биде седиштето на новата телевизија.

Како што е најавено балканската филијала на катарската телевизија ќе емитува вести и актуелни настани во регионот на локалните јазици. Вестите ќе ги продуцираат 100-тина новинари, најголем дел од БиХ, Хрватска и Србија.

Интерес за работа во Балканската Ал Џезаира пројавиле стотици кандидати. На оние кои ќе бидат примени им се гарантира минимална плата од 1000 евра и договор во траење од 5 години.

Ал Џезаира Балкан со работа ќе започне во јануари 2010 година.

OhridNews