Минаа 30 години откако славниот актер Дени ДеВито добил Златен глобус и Еми за учеството во шоуто „Такси“ кое го вивнало во ѕвездите. Неговото име конечно добило свое место и на патеката на славните. Актерот својата ѕвезда ја добил во четвртокот.
Бил воодушевен бидејќи и тој станал дел од историјата на Холивуд иако на тоа чекал долго. Неговиот успех бил обележен со мала церемонија на која актерот добил и минијатурна копија од својата ѕвезда. Покрај актерот била и неговата сопруга Реа Перлман и нивните три деца Луси, Грејс и Џејкоб. Неговата ѕвезда е 2445 по ред на патеката на славните.