Владата официјално треба да стане доминантен сопственик на охридски ЕМО, на акционерското собрание закажано за денеска до кога требаше да биде завршен процесот околу сопственоста на акциите и чистењето на билансите.

По два неуспешни тендери за продажба на компанијата за производство на електроопрема, има најави за распишување трет тендер, но сеуште  е неизвесно дали новиот сопственик ќе има обврска да ги задржи на работа околу 2 300-те вработени.

Владата на Република Македонија своите побарувања ги претвори во траен влог. Вкупниот  износ на долгот е околу 7 милиони евра. Тоа се пари искористени за средување на економската нестабилност на компанијата.

Неизвесно е дали на денешното акционерско собрание ќе падне одлуката за продажба на ЕМО или ќе се игра на картата, Владата најпрвин да преговара со заинтересираните странски купувачи, па дури потоа да го распише и третиот тендер.

Излезот на компанијата засега се гледа во нејзината продажба или во изнаоѓање странски партнер.

Ohridnews