Денеска во охридското село Велестово ќе се оддржи јубилејното дваесет и петто издание од манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“. Во рамките на дводневниот настан, предвиден е поетски портрет на младата македонска поезија со 14 домашни млади поети.

На првата вечер од манифестацијата присутните ќе имаат можност да го проследат настапот и на ансамблот „Билјана“ и да ја посетат изложбата на слики од Александар Станковски насловена „Поетика и политика“. На втората, интернационална вечер своја поезија ќе читаат поети од Норвешка, Русија, Црна Гора, Бугарија и Словачка. Ќе биде промовирана и стихозбирката „Со други очи“ од норвешката поетеса, Одвиг Клив.

Идеен творец на манифестацијата е Славе Ѓорго Димоски, а манифестацијата се одржува со финансиска и логистичка поддршка и под покровителство на градоначалникот  Никола Бакрачески и општина Охрид.

OhridNews