На добитниците на првите три награди за најубаво украсен двор,на конкурсот на Општината,  денеска ќе им бидат врачени наградите на пригодна средба. Наградите ќе ги врачи градоначалникот Александар Петрески  во малата сала на зградата на Општината. 


Посебна комисија го изврши изборот на трите најукрасени дворови пријавени на конкурсот. Првата награда во вредност од 20 илјади денари ја освои дворот на Борче Неделкоски  од  ул. „Радојица Новичиќ“;  втората награда во вредност од 15 илјади денари ја доби Наум Кочовски   од  ул.  „Ристо Чадо“ бр. 45, а  третонаградена со 10.000 денари е Маја Руменова од ул. „Нада Филева“ бр.9.

ohridnews