По повод празникот на „Св. маченици Сергиј и Вакх и св. маченик Полихрониј“, денеска во црквата „Света Богородица“ – Каменско, ќе се служи света архиерејска литургија, информираат од Дебарско-кичевската епархија. Богослужбата започнува во 9.00 часот, а ќе чино-началствува Неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
На светата литургија ѓаконот Васко Голабоски ќе биде ракоположен во свештенички чин.
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
OhridNews