Денеска точно во 10:01 часот на северната хемисфера започна пролетта, која според многумина е најубавото годишно време во годината, додека во исто време ќе започне есента за жителите на јужната хемисфера.

На денот на пролетната рамноденица, денот и ноќта не се со еднаква должина, бидејќи атмосферата на Земјата навидум го издигнува Сонцето над хоризонтот.

Иако на училиште учевме дека сите годишни времиња, освен есента, која започнува на 23 септември, започнуваат на 21 во месецот, експертите објаснуваат дека пролетта со години доаѓа ден порано. Овој феномен е присутен од 2007 година и е резултат на разликата помеѓу два методи за одредување на почетокот и крајот на годишните времиња – метеоролошки и астрономски.

Пролетта ќе трае 92 дена до 20 јуни кога ќе почне летото.

OhridNews