Времето во Македонија ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб ветер од источен и североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 30 до 35 степени.
Сончево и топло ќе се задржи и во сабота, додека во недела попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.
Пообилни врнежи се очекуваат во недела преку ноќта и во понеделник особено во западните и северните делови. Дневната температура ќе опадне за седум до 10 степени во однос на денешната.
OhridNews