Во Охрид, денеска, ќе преовладува сончево и релативно топло време, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми. Максималната дневна температура ќе достигне до 10 степени Целзиусови, информираат од УХМР.
Под влијание на влажна воздушна маса, во недела и понеделник ќе имаме облачно време со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни. Во недела максималната температура ќе достигне до 8, а во понеделник до 13 степени.
OhridNews