Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и потопло со слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 8 до 15 степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи од утре во попладневните часови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Врнежите ќе бидат со променлив, а во понеделник во западните и јужните делови со обилен интензитет.
Во Охрид денеска тепературата ќе се движи од 10 до 12 степени, а утре од 4 до 11 степени.
OhridNews