Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне до 30 степени, а индексот на УВ зрачење ќе изнесува 9.

За време на викендот ќе преовладува сончево и топло време, попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи на места. Минималната температура во охридско ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 31 степен Целзиусов, информира УХМР.

OhridNews