Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд позастапен во јужните и источните делови. Ќе дува и слаб променлив ветер на југот со услови за појава на ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 12 до 17, а дневната од 18 до 26 степени.
Од сабота следува период на сончево време со мала до умерена локална облачност и постепен пораст на дневната температура. Минималната температура во наредните денови ќе биде во опаѓање, најсвежо ќе биде во недела и понеделник наутро.
OhridNews