Денеска во Охрид започнува новата театарска сезона, а охриѓани ќе имаат можност да уживаат во претставата „Емигранти“ работена по текст на Славомир Мрожек, а во режија на надежната Ирена Стеријовска, најавува Центарот за култура.
Претставата е под продуценската капа на Горан Стојаноски, а улогите ќе ги толкуваат Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Биљана и Адријана Билаловиќ. Музиката која е пропратен дел од самата изведба е на Стрезо Стаматовски и Ѓоко Алоски, додека за сценографијата ќе се погрижи Владимир Ѓорески Рафик.
Костимограф е Кристина Мукоска Затуроска, а дизајнот е на Номче Џулески. За сценската изведба одговорен е Борис Велјаноски, а за светлото Зоран Левески.
Картите чинат 100 денари, а можат да се купат секој ден по 15 часот на билетарата од НУ Центар за култура „Григор Прличев“ и резервираат на тел. 046 261 063.
OhridNews