Денеска (16,30 ч.) се играат последните 90 минути од годинашниот второлигашки шампионат, во кој Напредок и Брегалница влегуваат со прволигашки надежи.
Прволигашки статус ќе обезбедат првите три пласирани екипи, сигурни се Шкендија и Скопје, а до третата позиција поблиску е Напредок поради подобриот меѓусебен скор од Брегалница. Штипјани се домаќини на Новаци, а Напредок гостува во Струга кај Влазними. На преостанатите средби се среќаваат Дрита – Локомотива, Скопје – 11 Октомври, Цементарница – Беласица, Шкендија – Охрид и Миравци – Влазерими.
Поради дисквалификациите во прволигашката конкуренција редуциран е и бројот на екипите кои ќе испаднат од второлигашкото друштво. Само последнопласираниот, Охрид или Влазерими директно ќе испадне, а претпоследниот ќе разигрува со петте прваци од третолигашката конкуренција за комплетирање на лигата со 12 екипи за новата сезона.
На сила е одлуката за скусување на второлигашкото друштво од 14 на 12 екипи, но има и иницијатива што УО на ФФМ ја прифати за зголемување на лигата на 16 екипи. Со прифаќање на ваквото барање на третолигашите и дел од второлигашите, баражите ќе бидат елиминирани, а нема и никој да испадне. ФФМ е на потег.
Вчера претседателот на ФФМ Харалампие Хаџи-Ристески ги собра претставниците на прволигашите и прволигашите зад затворени врати да го испита пулсот на екипите. Иницијаторот за проширување на Втората лига го достави на увид образложението поради што се бара поголема лига. Вчерашната средба закажана подалеку од очите на јавноста на која требаше да се дебатира за националното лиценцирање што ќе стартува од оваа сезона, требаше да даде одговор и за воведување на котизација. За настап во прволигашкото друштво е планирано екипите да уплатат 30.000 евра, а за во Втората лига 15.000 евра.
ЈП „Билјанини Извори“ Охрид ги отфрла изнесени наводи во јавност дека дел од излезите на салата се затворени Овие наводи се целосно невистинити и создаваат непотребна загриженост кај корисниците на...
Сите спортски натпревари и активности во земјава се одложени поради големата трагедија во Кочани во која загинаа 51 лице, а над 100 се повредени Спортските клубови од Охрид изразија сочувство до се...
Кошаркарите на Охрид утре во рамките на 18-то коло од Втората кошаркарска лига победничка серија ќе бараат на гостински терен во Скопје, против екипата на Работнички 2018 Натпреварот се игра со поч...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.