Советот на општина Охрид денеска  ја одржува 58-та седница. На дневен се  повеќе нацрт верзии на Детални урбанистички планови кои се однесуваат на урбаните единици 8, 2 и 3.

На седницата ќе се разгледува и предлог одлуката за усвојување на  Извештајот за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови на општина Охрид за 2008 година.

Советниците ќе расправаат и по предлог одлуката за измени и дополнување на  Буџетот на општина Охрид за 2008 година и предлог одлуката за усвојување на Извештајот за извршување на  Буџетот на општина Охрид за  трет  квартал за буџетска 2008 година.

На дневен ред на 58-та седница се и предлог одлуките за усвојување на  Извештајот за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште  за трет квартал за  2008 год,  за усвојување на  Извештајот за реализација на Програмата за јавно осветлување и изградба на јавно осветлување  за  трет квартал за  2008 год,  за  усвојување  на Годишната програма  за згрижување и воспитно-образовна  работа на јавната општинска установа за деца –детска градинка „Јасна  Ристеска“ Охрид за учебната 2008/2009 год,  за давање согласност (одобрување) на Проекти  и за измена на одлуката за комунален ред.

Ohridnews