Собраниската комисија за избори и именувања, денеска ќе го разгледува извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор поради сомнение за вмешаност во случајот „Рекет“.

Извештајот на Советот на јавни обвинители е таен.

Комисијата одлуката за евентуално разрешување на специјалната јавна обвинителка ја носи со просто мнозинство.

Иако е во притвор Јанева ги ополномоштила сите обвинители на СЈО да ги предадат предметите кои ги водат на Основното јавно обвинителство, што предизвика силни реакции кај стручната, но и пошироката јавност.

OhridNews