На третиот ден од Божик, се одбележува празникот посветен на маченикот Св. Стефан. Овој Стефан беше евреин, соработник на апостолите. Еден е од седумте ѓакони на ерусалимската црква. Со него почнува подвигот на мачениците, па во таа смисла и е наречен првомаченик.
Пострада од евреите во Синедрионот, откако во долга беседа им докажуваше дека оној Исус кого тие го убија беше навистина Помазаникот што го очекуваат, т.е. Христос.
За манастирот:
Пештерната црква „Св.Стефан” во истоимената крајезерска населба во Охрид датира од IX век и единствена црква посветена на овој светител во Македонија. За црквата е искористена една природна пештера која од јужната страна е преградена со ѕид од кршен камен. Покрај црквата во подоцнежниот период се изградени и конаци кои се реновирани, а изградени се и нови.
По повод празникот Св. Стефан, во манастирот посветен на овој светец во истоимената населба покрај Охридското Езеро синоќа се служеше вечерна богослужба, а денес утрена.
OhridNews