На третиот ден од Божик, се одбележува празникот посветен на маченикот Св. Стефан.

Овој Стефан беше евреин, соработник на апостолите. Еден е од седумте ѓакони на ерусалимската црква. Со него почнува подвигот на мачениците, па во таа смисла и е наречен првомаченик. Пострада од евреите во Синедрионот, откако во долга беседа им докажуваше дека оној Исус кого тие го убија беше навистина Помазаникот што го очекуваат, т.е. Христос.

За манастирот:

Пештерната црква „Св.Стефан” во истоимената крајезерска населба во Охрид датира од IX век и единствена црква посветена на овој светител во Македонија. За црквата е искористена една природна пештера која од јужната страна е преградена со ѕид од кршен камен. Покрај црквата во подоцнежниот период се изградени и конаци кои се реновирани, а изградени се и нови.

По повод празникот, денеска, во манастирот Св. Стефан со почеток во во 7.30 часот ќе се одржи утрена света божествена литургија.

OhridNews