Денеска се одбележува празникот посветен на маченикот Св. Стефан. Традиционално овој празник свечено се одбележува во манастирот Св. Стефан во истоимената населба крај Охрид, кој е изграден покрај мала пештерна црква.
Пештерната црква „Св.Стефан” датира од IX век и е единствена црква посветена на овој светител во Македонија. За црквата е искористена една природна пештера која од јужната страна е преградена со ѕид од кршен камен. Покрај црквата во подоцнежниот период се изградени и конаци. Во поново време реконструиран е надворешниот дел на манастирот, изградена е нова камбанарија на местото на старата, како и нови конаци.
OhridNews