Денеска се доделуваат наградите за најграѓански медиуми
27.01.10 11:15
Македонскиот институт за медиуми – МИМ, денеска ќе ја одржи церемонијата на доделување на Годишната медиумска награда на граѓанското општество 2009, со која им се оддава признание на медиумите кои, според повеќе од 100 граѓански здруженија од Македонија, го дале најголемиот придонес за зајакнувањето и промовирањето на граѓанското општество во земјава во изминатата година. На настанот, кој ќе се одржи во музејот на Град Скопје со почеток во 19 часот, освен главната награда, ќе се доделуваат и награди за медиум кој дал најголем придонес за промовирање на граѓанскиот сектор на национално ниво, медиум кој дал најголем придонес за промовирање на граѓанскиот сектор на локално ниво, како и наградата за емисија во електронските медиуми или рубрика во печатените медиуми која најмногу придонесува за зајакнувањето и промовирањето на граѓанскиот сектор.
Добитниците на наградите и признанијата се добиени преку процес на гласање, кој се одвиваше во периодот од 15 октомври до 15 декември 2009 година, а во кој можност за изразување на своето мислење добија сите легално регистрирани здруженија на граѓани и фондации во Република Македонија.
На присутните на оваа церемонија ќе им се обратат Билјана Петковска, директорка на МИМ, Филип Т. Рикер, амбасадор на САД во Република Македонија и Весна Стаменковска, директорка на Институтот за трајни заедници.
Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки, апелира Министерството за внатрешни работи откако се забележани случаи на лажни покани во врска со наводна тековна истрага Министер...
По повод смртта на новинарот Илче Стојаноски, ЗНМ и медиумската заедница од Охрид утре, среда (23 април) организираат комеморација која ќе се одржи во 10 часот во Големата сала на Општина Охрид Сто...
Во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – 2 фаза, Министерството за локална самоуправа успешно спроведе постапка за набавка на ИТ опрема за сите осум Центри з...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.