На свеченост што ќе се одржи вечерва во ресторанот Св. Софија, Здружението на граѓани за целосна афирмација на Македонската православна црква „Богојавление“ ќе го избере новиот кум на Водици.
Заинтересирани граѓани кои имаат желба да бидат кумови на овој голем православен празник можеа да се пријават во здружението до денеска.
Од „Богојавление“ информираат дека подготовките за Водици 2008 г. веќе се во тек и дека и следната година Охрид достојно ќе го одбележи големиот верски празник.
ohridnews