Денеска во 19 часот во Домот на културата во Вевчани, ќе биде премиерата на „Жорж Данден“, на патувачкиот театар „Поклони се и падни“ од Вевчани.
Претставата е по текст на Молиер, а во режија на гостинот од ЕСРА универзитетот, младиот Ѓорѓи Ризески.
,,Велат, би било едноставно кога успешниот човек кој е силно застанат на своја нога би посакал својот успех да го круниса со семејството. Но, дали е тоа баш така едноставно кога најблиските членови од семејството ставиле маски само за да дојдат до полниот џеб на тој чесен човек? Вреди ли да се трпи таква неправда? Дали понекогаш и на најмилите работи човек мора да заборави и да се откаже од нив за животот да може да продолжи понатаму во мир и хармонија како и предходно?.“ – вели Ризески за претставата.
Репризното издание ќе биде во петок во Домот на културата во Вевчани со почеток од 19 часот.
Инаку, организатор на претставата е Културно уметничкото друштво од Вевчани „Дримкол“.
OhridNews