Според прогрнозите времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец кој повеќе ќе биде изразен на повисоките места. Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус еден, а дневната од шест до 13 степени.

Стабилно претежно сончево и релативно топло време ќе се задржи до сабота што ќе предизвика топење на снежната покривка на планините.

Вo недела облачноста ќе се зголемува и ќе има врнежи од дожд, на повисоките места во западните делови од дожд и снег, а на планините врнежите ќе бидат само од снег. Се очекуваат пообилни врнежи особено во западните и јужните делови на земјава.

OhridNews