Времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Кон крајот на денот во североисточните делови ќе има локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југозападен, а во западните делови умерен до засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Охрид сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Максималната ќе достигне 21 степен.
Повремено зголемена облачност со локални врнежи од дожд ќе има во вторник претпладне, како и во текот на ноќта кон четврток и во четврток преку денот. Поради засилен северозападен ветер во четврток температурата ќе се намали за неколку степени.
OhridNews