Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени локални врнежи од дожд и појава на магла по одделни котлини. Во петок и сабота ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Поинтензивни врнежи од дожд и снег се очекуваат за време на викендот кога ќе има позабрзано зголемување на водостоите.

Максималната дневна температура на места денеска ќе достигне до 14 степени, во сабота до 12, додека постудено ќе биде во недела кога максималната дневна температура ќе достигне 7 степени.

Ohridnews